Алаџови – правилник
ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ
• Алаџови – обезбедува бесплатна достава на сите производи купени во
сопстевениот салон.
• Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава
се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред
испораката на мебелот;
• Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот;
МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИ
• Монтажата на купената стока е бесплатна.
ДИМЕНЗИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ
• Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го
купуваат;
• Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе
купениот мебел;
• За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои
на располагање на секој купувач;
• Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот
каде треба да се внесат, Алаџови не превзема одговорност и сите
настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.
РОКОВИ НА ИСПОРАКА
• Главна определба на Алаџови е брза испорака на своите производи до
купувачите;
• Рокот на испорака на производите зависи од видот на производот, односно од тоа дали се
нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка
• Готов производ се испорачува за рок од 2 до 3 дена , а производ по изработка се испорачува
за рок од 30 до 35 дена.
• За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат
самите клиенти пред склучување на нарачката;
• Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 45
дена, после овој рок направената нарачка НЕ ВАЖИ!!! (Производот нема да биде резервиран
повеќе и цените може да бидат променети);
• По дадениот рок, резервацијата на робата завршува и производите повеќе не се чуваат за
конкретната нарачка;
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
• Плаќање во готово – Кога се склучува нарачката се плаќа целиот износ или одреден процент
како аванс а остатокот се доплаќа на денот на достава на мебелот;
• Плаќање на рати без камата со кредитни картички
– овозможено преку картиците на Стопанска банка, без камата, до 12 рати;
– овозможено преку картиците на NLB Тутунска банка, без камата, до 24 рати;
• Плаќање на рати со кредит
– oвозможено преку iute Credit Makedonija до 24 рати;
• Плаќање со American Express картички.
• Плаќање со Дајнерс картички.
РЕКЛАМАЦИИ
• Купувачот може да пријави рекламација користејќи ја online формата на оваа веб
продавница;
• Купувачот може да пријави рекламација до салонот за мебел по писмен или усмен пат;
• Продавачот е должен најдоцна во рок од 7 дена по приемот на рекламацијата да даде свое
мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблем;
• Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 30 дена
да ја отклони рекламацијата со поправање или замена на производот;
• Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара
надомест од купувачот;
• Продавачот е одговорен за робата само во гарантниот рок до 12 месеци. Продавачот не
одговара за робата која е подигната со сопствен превоз и/или извршена монтажа од трети лица,
освен во случај на технички проблем;
ВАЖНО!!!
• Согласно потребите, брзината на испорака, достапноста на репроматеријалите
Производителот го задржува правото на промена на рачки,оков и останати дополнителни
елементи кои не влијаат на изгледот на производот.